ДЕЧКОТО НА СИЈАМСКИТЕ БЛИЗНАЧКИ ОБЈАСНИ ЗОШТО ТОЛКУ ЈА САКА: Една работа особено го фасцинира, а вака изгледа нивната врска

Кармен Андраде им дава на своите следбеници детален поглед на животот што го дели со нејзината сијамска близначка Лупита и нејзиното момче.

Во последните месеци, парот сподели детали за нивниот љубовен живот и неговите предизвици.

Кармен и Лупита се преселиле од Мексико во САД на 20-годишна возраст и сега живеат во Конектикат. Иако ги делат повеќето органи, тие не делат вкус за момци.

Кармен, која е во врска со Даниел четири години, објави на TikTok како изгледаат нивните нежни моменти за да покаже колку ја обожава.

Во видеото, Даниел и рекол на Кармен дека направил презентација „PowerPoint“ за да и покаже колку ја сака. Движејќи се низ слајдовите, тој ги спомна добриот изглед и смислата за хумор на неговата девојка.

Даниел продолжи да зборува за прекрасниот изглед на Кармен.

Тој рече: „Таа е многу згодна. Мојата девојка е позгодна од вашата девојка“.

Тој понатаму коментираше: „А таа е само палаво девојче. Таа е толку палава, кул и смешна. Таа е толку духовита“.

Кармен откри дека таа и сестрите имаат свои „предизвици“, но уживаат во одличен заеднички живот. Секој обид да се разделат е ризик за нивните животи и затоа никогаш не беше возможен.

Другата близначка, Лупита, се декларира како асексуална. Таа одлично се сложува со момчето на Кармен, Даниел. Даниел и Лупита се запознале на апликацијата „Hinge“ во октомври 2020 година.

-Никогаш не се обидов да го сокријам фактот дека сум споен близнак, што значеше дека добивам многу пораки од момци со фетиши. Смешно е затоа што останувам буден подолго од Лупита, но кога Даниел заспива, јас брзо заспивам, а тој останува да разговара со неа.