Како мозокот ја декодира музиката (на Pink Floyd)

Записи од мозокот ја откриваат музикалноста на говорот – со помош од Пинк Флојд тим невронаучници ги декодираат песните од мозочните записи, откривајќи ги областите што се занимаваат со ритамот и вокалите.


Нема ученик на светот (Западот) кој не ја знае песната „Another Brick in the Wall“ на Пинк Флојд. Секој кој во бунтовничките години се запрашал за смислата на постоењето (особено кога не му се учело или се враќал дома по напорен работен ден), веројатно се замислил како безличен карактер од спотот за песната како го меле машината.

Во најново истражување група невронаучници ја снимиле електричната активност од различни области на мозокот додека пациентите ја слушале песната на Пинк Флојд, “Another Brick in the Wall, Part 1.”

Користејќи софтвер за вештачка интелигенција, успеале да ја реконструираат песната од мозочните записи. Ова е прв пат една песна да биде реконструирана со помош на записи од електроенцефалографија.

Еве како звучи тоа.

Краток сегмент од оригиналната песна која ја слушале субјектите.

Реконструкција на песната од снимки на електрична активност во аудитивниот кортекс на мозокот.

Која е целта?

Да ја забележат електричната активност на мозочните региони насочени кон атрибутите на музиката – тон, ритам, хармонија и зборови – за да видат дали можат да го реконструираат она што пациентот го слуша.

Реконструкцијата покажа можност за снимање и преведување на мозочните бранови за фаќање на музичките елементи на говорот, како и на слоговите. Кај луѓето, овие музички елементи, наречени прозодија – ритам, стрес, акцент и интонација – носат значење што зборовите самите по себе не го пренесуваат.

За луѓето кои имаат проблеми со комуникацијата, поради физиолошки или други причини, овие записи од електродите на површината на мозокот можат да помогнат во рекреирањето на музикалноста на говорот што недостасува во денешните „роботски“ реконструкции.

Извор

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *