Шест начини секогаш да имате УБАВО СТИЛИЗИРАНИ ШИШКИ: Вака е најдобро да ги сушите

29 април, 20240
33fc3002a0a24a72c3509b70e38887e7c0f52aa4

Дури и кога вашата коса е послушна, а фризурата е онаква каква што сте сакале, сето тоа може да се уништи со шишки кои никогаш нема да ви „одат по ваше“. Тие можат да ви го уништат целокупниот изглед или да ве изнервираат толку многу што на крајот ќе ги ставите на страна со помош на шноли.

Но, на овие проблеми може да им дојде крајот ако научите правилно да ги стилизирате и скротите.

1. Измијте ги внимателно

Прескокнете ги суперхидрантните шампони, бидејќи тие можат да ви ги отежнат шишките дури и пред да почнете да ги стилизирате. Наместо тоа, обидете се да земете шампон за волумен и не ставајте регенератор на нив, или на корените на косата.

2. Стилизирајте ги веднаш штом ќе излезете и ќе завршите со миење на косата

Генерално е добра идеја да ја исушите косата природно бидејќи помалку ја оштетувате. Но, кога станува збор за шишки, сакате да ги исушите што е можно поскоро затоа што брзате да одите на работа или на друго место, па најдобар и најбрз начин е да ги манипулирате. Со фен насочете го воздухот надолу и четкајте ја косата од едната на другата страна додека не се намести како што треба. На овој начин ќе ги направите лесни и природни – нема да бидат залепени за челото како што понекогаш се случува.

3. Бидете внимателни со производите за нега на кожата

Не велиме дека треба да ја прескокнете вашата дневна рутина или да ставате крема за сончање, но почекајте малку време кожата да го впие кремот пред да ги спуштите шишките на челото. Најдобро е да почекате околу 10 минути, за да бидете сигурни дека вашите шишки не го собираат вишокот крем и не се замастуваат.

4. Лакот за коса е ваш сојузник

Испрскајте мала количина лак на страните на шишките за да создадете бариера за влага помеѓу нив и кожата.

5. Шампон за суво чистење

Само испрскајте малку шампон директно на корените (или користете чиста четка за заби за подобра контрола). Избегнувајте да ставате шампон по целата должина на вашите шишки за да не станат тешки и безживотни.

6. Ако стајлингот не успее, измијте ги

Не мора да ја миете цела коса! Повлечете ја косата во опавче, навалете се над мијалникот и нанесете мала количина шампон (со големина на грашок) на корените на вашите шишки. Добро исплакнете ги и исушете ги со фен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi