Балканленд

Јелена Розга испрати новогодишна честитка за македонската публика и покана за луда журка (Видео)

„Драги мои, ви посакувам среќна и успешна 2024 година. Многу здравје, среќа и љубов, а турнејата „Минут срца мог” продолжува и ние ќе се дружиме во арената „Борис Трајковски” на 10 февруари. Дојдете сите лудо да се забавуваме и да пееме на најјако. Ве сака многу вашата Јелена”, вели во својата новогодишна честитка испратена до македонската публика – Јелена Розга, која по неколкуте спектакуларни концерти во регионот, на 10-ти февруари ќе настапи и пред домашната публика.

Кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, која е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж дека и низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од соло кариерата на Јелена, како што се нумерите „Бижутерија”, „Окус ментола”, „Нирвана”, „Соло играчица” и неизбежниот „Цунами”, но и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин, ветува незаборавна дружба. Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Скајмјузик продукција.

Музичкиот портал Музика24 е еден од медиумските покровители на концертот кој наскоро ќе Ви прикаже интервју со оваа позната балканска музикчка ѕвезда.

Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје во организација на Скајмјузик се достапни онлајн, преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари.

Можеби ќе ве интересира: