Доминација на Јокиќ каква што НБА лигата никогаш не видела досега (ФОТО)

Никола Јокиќ одигра нова фантастична сезона во НБА лигата во која го предводеше Денвер до второто место на табелата пред разигрувањето за титула и тоа на толку доминантен начин што успеа да направи нешто што не му поминало од рака на ниеден друг кошаркар во историјата.

Србинот кој е кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната успеа да биде меѓу најдобрите десет кошаркари во четири разчини категории.

Центарот е втор по бројот на асистенции со 708 зад своето име, трет по бројот на скокови (976), петти по бројот на постигнати поени (2085) и осми по бројот на украдени топки (108).

Се вчитува...