Веселин Вујовиќ: Јас сум тренер во зрели години, можеби е време да се повлечам

од Симе Стоиков

Веселин Вујовиќ ја коментираше тримесечната суспензија за забрана за тренер во Хрватска.

Тој, водејќи го Некс, на мечот со Загреб му се пожали на делегатот поради судиските одлуки, а набрзо се ескалира.

Делегатот на тој натпревар, во гужвата која се формираше крај записничката маса, намерно беше удрен од играчот на Некс, Словенецот Марко Безјак, а натпреварот набргу потоа беше прекинат.

„Очекував казна. Секако, тоа ми ја забрза одлуката да ја напуштам клупата на Нексе. Што е, тука е, ниту ќе се жалам, ниту пак имам намера повеќе да правам то. Тие што се решија на ова знаат зошто го направија тоа, затоа за мене тоа е крајот на приказната“, изјави Вујовиќ за „Спортске Новости“ и додаде:

“Немам никакви планови, лигите се пред крај. Ќе видиме што ќе се случи понатаму и како ќе се одвива продолжението на мојата кариера. Но, јас веќе сум тренер во моите зрели години, и долго размислував дека можеби е време да се повлечам. Ако има некоја добра опција ќе ја прифатам, а ако не, Боже мој“.

Вујовиќ има 63 години, а тренерската кариера ја започна во 1995 година во Металопластика. Македонската јавност добро го познава со оглед на тоа што на неколку наврати го водеше Вардар:

Слични содржини