Електричните модели на Volvo ќе се полнат до 30% побрзо

од Vladimir Zorba

Volvo стана првиот производител на автомобили кој соработува со лондонската стартап компанија Breathe Battery Technologies, добивајќи пристап до најновата верзија на нивниот патентиран софтвер за полнење на батерии на електрични возила користејќи алгоритми.

Со интегрирање на софтверот на Breathe во платформата за управување со батерии развиена од Volvo, треба да се постигне подобра оптимизација и подобрување на перформансите на технологиите за полнење. Од Volvo наведуваат дека возачите на нивните автомобили можеле повеќе да го почувствуваат тоа за време на самото полнење, кое би требало да биде значително пократко.

Поконкретно, Volvo вели дека времето на полнење од 10 до 80 отсто капацитет ќе се намали до 30 отсто, притоа задржувајќи ја истата енергетска густина и опсег. Тие исто така истакнуваат дека побрзото полнење нема да влијае на животниот век на батеријата, пренесува Autonet.

За разлика од традиционалното полнење кое се потпира на однапред одредени параметри, софтверот на Breath користи адаптивно полнење за динамичка контрола на батеријата во реално време, што резултира со значително пократко време на полнење.

Со помош на алгоритми, софтверот управува со процесот на полнење според состојбата на батеријата, избегнувајќи го ризикот од создавање таканаречено литиумско обложување, кое може да им наштети на перформансите и животниот век на батеријата.

Слични содржини