229.473 граѓани го оствариле своето право на глас до 11 часот. Според пресекот на ДИК, по обработени 98,98 отсто од изборните места, излезноста во 11 часот е 12,78 отсто.

Во Демир Капија излезноста е 23,99%, во Градско излезноста е 20,67%.

Денеска Македонија гласа за нов претседател на Македонија. Се бира помеѓу 7 кандидати. Доколку никој не освои над 51 отсто од вкупниот број гласачи, на 8 мај се гласа повторно. Во втор круг влегуваат двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови во првиот круг. Вкупен број на избирачи во избирачкиот список е 1.814.317