Србите почнаа со изградба на националниот стадион, таму ќе се игра финалето на Лига Европа во 2028!

Денеска во околината на Белград, почна со изградба српскиот национален стадион, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека е договорено со првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, на овој стадион во 2028 година ќе се игра финалето на Лига Европа.

Стадионот е во близина на белградскиот аеродром. Засега не се знае како ќе биде името на стадионот кој ќе има капацитет од 52.000 седишта, најавата е дека народот ќе одлучи за името. Стадионот треба да биде готов до 1 декември 2026 година.

Освен стадион, во овој дел од Сурчин ќе биде и новиот белградски саем, ќе има акватик центар, како и резиденцијален комплекс со 1.500 станови.

- Оглас -

Најнови вести