Минималните плати во ЕУ – највисоки во Луксембург, најниски во Бугарија


Загарантираната минимална плата од оваа година во Хрватска е 840 евра бруто или приближно 677 евра нето.

Владата редовно се фали со континуирани повеќегодишни зголемувања на минималната плата. Сепак, и по овогодинешното зголемување, Хрватска е во долниот дел од рангирањето на земјите од ЕУ кои пропишуваат национална минимална плата, пишува Даница.хр.

Највисок минималесц има во Луксембург – 2.570 евра бруто. Во Ирска гарантираниот минимум е околу 2.150 евра, а во Словенија 1.254 евра. Тоа е за 50 отсто повеќе отколку во Хрватска.

Словенечкиот нето минимум е нешто повисок од 900 евра, што е за една третина повеќе од хрватскиот нето минимум. Просечната нето плата на сите вработени во Словенија во февруари изнесувала 1.450 евра, што е за околу 20 отсто повеќе од просекот на сите вработени во Република Хрватска.

За споредба, намирниците во Словенија се уште се поевтини, па куповната моќ таму е многу поголема од онаа во Хрватска.

Од оваа година минималната плата во Полска е 980 евра, што е за 17 отсто повеќе отколку во Хрватска. Најниски минимални плати во ЕУ имаат Бугарија (477 евра), Романија (663) и Унгарија (697 евра).

Хрватска од годинава е на 15-то место од вкупно 22 земји од ЕУ кои го пропишуваат по висина на загарантираната минимална плата.