ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата ги потврди листите за пратеници за претстојните парламентарни избори закажани на 8 мај.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница, а во овие моменти привршува и седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– Овие избори се всушност одлука за тоа каква Македонија сакаме. Нивната, таа на власта, затворена, омаловажена, криминализирана, или онаа Македонија каква народот ја сака, и за каква се бориме. Македонија со надеж, иднина и сигурност.
Муцунски нагласи дека ова се победнички пратенички листи, а при нивното составување се водело сметка за гласот на народот, нивните барања и потреби.
-Ова се луѓе со кредибилитет. Искусни и енергични. Луѓе кои и требаат на Македонија, луѓе кои ќе се борат за решенија, за решавање на проблемите. Имаме тешка задача пред нас да ја кренеме Македонија и да ја вратиме надежта. Народот бара и очекува одговорност, бара и очекува принципи и враќање на вредностите во политиката. Само заедно ќе успееме, рече Муцунски.
Учесниците на изборите односно политичките партии и коалициите најдоцна до 2 април треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија, која треба да ги потврди. Изборите се на 8 мај. На 24 април ќе се одржи првиот круг од претседателските избори.
ИЕ 1
- Христијан Мицкоски
- Гордана Кочовска Димитриевска
- Коалиција
- Синиша Стојановски
- Бети Стаменковска
- Тони Јаревски
- Иван Живковски
- Љупчо Пренџов
- Марија Митева
- Иванка Василевска
- Коалиција
- Велика Стојкова Серафимовска
- Сергеј Попов
- Јане Мицески
- Бисера Златеска
- Катерина Димитровска
- Игор Никовски
- Мартин Стојановски
- Александра Николовска
- Тодор Коневски
ИЕ 2
- Владо Мисајловски
- Жаклина Пешевска
- Коалиција
- Бобан Николовски
- Бојан Стојановски
- Каролина Насковска
- Зоран Коцевски
- Бране Петрушевски
- Дијана Илиевска
- Емилија Ангелова
- Коалиција
- Ерџан Демири
- Весна Додевска
- Зоран Бајовски
- Ивица Димковски
- Дени Милевски
- Габи Калкова
- Никола Стојковски
- Мартина Ристовска
- Валентина Петровска
ИЕ 3
- Драган Ковачки
- Никола Мицевски
- Рашела Мизрахи
- Игор Здравковски
- Коалиција
- Благица Ласовска
- Миле Лефков
- Даниела Христова
- Марија Петрушевска
- Душко Иванов
- Александар Јамалов
- Драгана Бојковска
- Емил Спасовски
- Драгана Арсова
- Столе Кракутовски
- Љупчо Спиров
- Гордана Барбашка
- Јорданчо Костадинов
- Мартин Ефремовски
- Анкица Анакиева
ИЕ 4
- Александар Николоски
- Антонијо Милошоски
- Ели Панова
- Дејан Проданоски
- Зоран Јованчев
- Ангелинка Петкова
- Петар Ристески
- Златко Пенков
- Моника Ристеска
- Јулија Тушева
- Жан Дрвошанов
- Петар Марков
- Билјана Кузмановска
- Весна Ѓорѓиева
- Мито Андонов
- Јадранка Поцкова
- Наталија Димитриева
- Гоце Дединец
- Сашо Граороски
- Никола Златески
ИЕ5
- Ѓорѓија Сајкоски
- Олга Лозановска
- Сашо Донев
- Пеце Милевски
- Јован Јаулески
- Лидија Петковска
- Мевмед Џафери
- Кире Божиновски
- Силвана Ангелевска
- Грација Бакрачевска
- Лазе Јакимовски
- Ѓорѓи Влајкиновски
- Благица Крстеска
- Никола Дранговски
- Леон Мерсовски
- Менче Марковска Андреева
- Билјана Стефановска
- Жанета Петреска
- Мартин Иваноски
- Ѓорѓи Шопоски
ИЕ 6
- Дафина Стојаноска
- Александар Велјановски
- Валентина Марчевска
- Коалиција
- Верица Апостоловска
- Ванчо Милевски
- Алишериф Синани
- Анета Ќироска
- Анита Бошкоска Јованоска
- Мишо Маринковски
- Бране Стојчевски
- Верица Тофиловска
- Ивана Савеска
- Даниела Апостоловска
- Деан Трпески
- Марина Петровска
- Горан Зафировски
- Тања Сибиновска
- Лилјана Спиревска
- Александра Спироска