Ковачевски вели дека Пошта треба да се приватизира, годишно правела загуба од три милиони евра

Пошта/ Фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се работи на изнаоѓање начин за долгорочна одржливост на македонска Пошта, а за главниот објект во центарот на Скопје, во кој пред неколку години се случи пожар, рече дека презема обврска заедно со ресорните министри, тој да се обнови.

Одговарајќи на пратеничко прашање на Гордана Силјановска Давкова, тој рече дека од 2012 година Пошта создава загуба од околу три милиони евра годишно и работи монополски на пазарот.

-Тоа е неодржлива ситуација. Секоја година Владата одвојува средства од својот буџет. Она што јас сметам дека треба да се направи е комплетна реорганизација на пошта, односно првиот начин е приватизација, а вториот е делумна приватизација со аукција или со избор на стратешки партнер, рече Ковачевски на седницата за пратенички прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот