Селекторот по синоќешното реми со Велс се уште не може да поверува како испуштиле победа.
Не верувам дека момците од еуфоричност направија грешки, но такви моменти се случуваат. Да завршеше без голови, можеби ќе беа сите задоволни, а вака се чувствува некоја горчина за загубените два бода“, дополни Милевски.
Селекторот на Велс Крег Белами по мечот изјави дека е задоволен од ремито.
Ова беше тежок меч, знаеме низ што минува Македонија. И ние сме минале низ многу трагедии, рече Белами.
Во натпревар од квалификациите за СП кој беше во знак на трагедијата во Кочани, Македонија и Велс одиграа 1-1
Мечот беше изеднечен, со по неколку шанси на двете страни. Најсериозната шанса за Македонија беше во 62-рата минута кога гостинскиот голман Дарлоу го одбрани силниот шут на Чурлинов.
Впечатокот е дека двете репрезентации како повеќе да беа заинтересирани да го сочуваат својот гол. Миовски погоди за водство, но во финишот Велс дојде до изедначување во 94 минута преку Брукс.
Comments are closed for this post.