Дибиров и со 41 година продолжува на професионалната сцена: Нов договор со Загреб

Поранешниот вардаров ракометар Тимур Дибиров и на свои 41 година продолжува со професионалниот ракомет. Дибиров го продолжи договорот со актуелниот негов клуб ППД Загреб останувајќи во клубот уште најмалку една сезона.

Дибиров и следната сезона ќе биде дел од најдобриот хрватски клуб.

Покрај Дибиров потпис на нов договор со Загреб ставија уште и Јаков Гојун, Лука Ловре Кларица, Матеј Мандиќ, Давор Чавар, Патрик Валчак, Алекс Кавчиќ и Адин Фаљиќ.

Се вчитува...