Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Наумовски во „Вин-Вин“: Претседателската кампања во сенка на лидерите на политичките партии

Досегашната кампања за првиот круг на претседателските избори е во сенка на лидерите на политичките партии, рече универзитетскиот професор Васко Наумовски во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Кај еден од кандидатите беше забележливо недоволното присуство на лидерот на партијата која што го поддржува. Веројатно проценката во социјалдемократскиот камп била дека можеби претераното присуство или блискоста на лидерот на партијата со кандидатот за претседател на Републиката ќе му нанесе и некаква штета, односно нема да придонесе за зголемување на рејтингот на нивниот кандидат“, смета Наумовски.

Од денеска почнува и официјалниот дел од кампањата за парламентарните избори и, како што нагласи Наумовски, „и самите кандидати за претседател и самата трка за претседател, ќе паднат во втор план“.

„Тие ќе бидат во сенка на лидерите на партиите и кампањата за парламентарните избори, се до првиот круг на претседателските избори кога, конечно, ќе можеме да видиме како стојат претседателските кандидати и дали сите оние истражувања на јавното мислење досега беа релевантни. И потоа ќе влеземе во оној финален дел во кој може ќе очекуваме и мало заострување на оваа кампања досега“, додаде Наумовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе