Ванковска доби поддршка од европратеничката Клер Дејли


Клер Дејли

 

Ирската европратеничка Клер Дејли, член на групацијата Левица во Европскиот парламент, ја поддржа претседателската кандидатка Билјана Ванковска во тековната кампања.

„Ирска е неутрална земја на периферијата на Европа, на некој начин слична на Македонија. Иднината за нас е можна само преку мирни односи со соседите и е исклучително важно за нас да мали земји кои имаат ‘традиција на неврзаност’ настапат на европската сцена со глас на мир, глас на дипломатија и добри односи со сите соседи“, изјави Клер Дејли. Таа, инаку е членка на грпацијата независни во Ирска.

„Ги праќам најтоплите поздрави до Билјана, се надевам дека исходот на изборите ќе е таков што Македонците ќе се гордеат со изборот. Ти го посакувам најдоброто во претседателската кампања и ви порачувам на сите вас да излезете и да ја поддржите професорката Ванковска“, порача Дејли.