Данил Медведев изненаден од коментарот на Алкараз: Се прашувам зошто го рече тоа..

Данил Медведев е изненаден од пораката односно изјавата на Карлос Алкараз, која ја даде за медиумите пред неколку дена.

Младиот шпански тенисер порача дека повеќе посакувал Олимписко злато со репрезентацијата на Шпанија, повеќе од тоа да освои трофеј на Ролан Гарос или на друг гренд слем турнир.

Рускиот тенисер се осврна во своето последно обраќање во медиумите токму на изјавата на Шпанецот.

– Тој лудо стартуваше за негови години, стана најмладиот број1 во историјата, тоа доволно зборува за него. И понатаму има 20 години, доста е млад и нормално е да има успони и падови. Неверојатен талент е, знаевме дека кога ќе созрее, ќе биде голем тенисер.

– Но изненаден сум од неговиот коментар, како тои Олимписко злато било повредно од гренд слем трофеј, зошто го рече тоа се прашувам. Навистина вредно е и Олимписко злато, но нешто посебно е кога ќе освоите голем гренд слем трофеј, порача Данил Медведев.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО