Илјадници пакети и пратки, од денес ќе бидат детално проверувани преку новиот рентген поставен во Царинската испостава во Пошта. Од играчка порачана преку интернет, па се до опасен товар што криминалците и терористички групи ќе сакаат незабележано да го протнат. Низ скенерот ќе минуваат стотици пратки во минута, а со помош на вештачка интелегенција операторите ќе добиваат сигнал за секаква сомнителна пратка. На овој начин ќе се спречи трговијата ...
Царинската испостава во Македонска пошта денеска доби скенер кој треба да го олесни спречувањето на трговијата со дрога, експлозиви, оружје, негови делови и муниција. Станува збор за рентген платформа на американската компанија „Астрофизикс“ која може да поддржи преку 200 килограми. Уредот има 180 киловати сила, висока резолуција и работи во шест бои, што е најнова технологија. Скенерот може да „помине“ стотици пратки во минута, а користи и ...

