Вилдерс: Палестинците да се преселат во Јордан, Арапите бесни

Јордан, палестинските власти и Арапската лига ги осудија изјавите на Герт Вилдерс, холандскиот политичар од екстремната десница кој победи на изборите во Холандија, дека Палестинците треба да се преселат во Јордан.

Палестинските власти ги опишаа изјавите како „повик за интензивирање на агресијата против нашиот народ и грубо мешање во неговите работи и иднина“, објави Arab News.

„Неодговорните изјави на холандскиот парламентарец Герт Вилдерс се сметаат за мешање во внатрешните работи на Хашемитското Кралство Јордан и се отфрлени и осудени“, напиша амбасадата на ОАЕ во Холандија на социјалните мрежи.

Вилдерс, лидер на Партијата на слободата (ПВВ), е познат по неговата цврста поддршка за Израел. Во последниве години, тој се залагаше за правото на Израел да основа населби на Западниот Брег и често ја повторуваше идејата дека Јордан е Палестина, сугерирајќи дека конфликтот меѓу Палестинците и Израел може да се реши со преместување на Палестинците во Јордан.