logo
logo
logo

Шолц: Русија не смее да ја добие војната

Vecer | 25.11.2022

Шолц: Русија не смее да ја добие војната

„Украина може да смета на фактот дека ќе продолжиме да ѝ обезбедуваме голема финансиска и хуманитарна помош, како и поддршка во оружје сѐ додека тоа е неопходно“, изјави Шолц во интервјуто објавено денеска за германскиот магазин „Фокус“.

Германија е една од земјите кои најмногу ѝ помагаат на Украина. Ова исто така важи и за испорака на оружје, вклучувајќи самоодни хаубици и противракетни тенкови Гепард. Канцеларот ги спомна и ракетните фрлачи со повеќе цевки и системот за воздушна одбрана IRIS-T.

Шолц не сакал да погодува колку долго ќе трае војната во Украина, но нагласи дека „Русија не смее да победи во таа војна“. Исто така, според него, не смее да има употреба на нуклеарно оружје, што јасно го кажа и меѓународната заедница.

На прашањето дали рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник, Шолц рече дека „војната во Украина ги крши сите правила на меѓународното право и Владимир Путин е одговорен за таа војна“. „Таму беа извршени неверојатно сурови воени злосторства“, рече германскиот канцелар, додавајќи дека Германија ќе помогне во решавањето на злосторствата, ќе ги идентификува одговорните и ќе ги повика на одговорност.

Шолц оценил дека сегашната стратегија на Русија во војната не носи резултати. Обидот на руската армија да го скрши украинскиот дух на отпор со тешки ракетни напади очигледно е неуспешен, и покрај страшното уништување, додаде тој.

Руската надеж дека масовното движење на бегалците кои бегаат од Украина може да ја загрози поддршката на европските земји „исто така се покажува како грешка“, посочи канцеларот. Сепак, не е јасно какви заклучоци ќе извлече Русија од својот неуспех. „Во моментов тоа не може со сигурност да се предвиди“, рече Шолц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk