Дерби на колото меѓу Куманово и Еуромилк ГЛ, Риниа домаќин на Шкендија Арачиново

18-тата рунда го носи и дербито на колото меѓу Куманово и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, дуел на првопласираната и третопласираната екипа на табелата во борбата за баражот кој води во Втора лига.

Еуромилк е во победнички ритам, а Куманово во претходното коло го претпре вториот сезонски пораз од екипата на Шкендија од Арачиново во гостински терен.

Првото соочување меѓу Куманово и Еуромилк ГЛ заврши со триумф за поранешниот прволигаш со резултат од 2:1, а во рамки на 5. коло.

Фортуна на домашен терен ќе го пречека тимот на Башкими Љуботен, Кадино ќе се соочи со Локомотива Пехчево, Беса Влазрими против Петровец, „фенерџијата“ ССК Нова против Аеродром, Риниа ќе ја пречека Шкендија од Арачиново, а пак Бутел на домашен терен ќе има тежок меч против БВК Коњаре.

Густо во врвот од табелата. Куманово е лидер со 43 бодови, Шкендија Арачиново е втора со 42 бодови, Еуромилк ГЛ е трет со 39 бодови, Фортуна е четврта со 35 бодови, а пак БВК Коњаре е на петтото место со 33 бодови.

Александар Ванев, М-Нет