Дали ќе го препознаете, беше ѕвезда на Аѕурите и играше за Милан, Интер и Јувентус (Фото)

Легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо се огласи на својот профил на Инстаграм и фановите не можат да го препознаат.

Времето си го направи своето, додека жареше и палеше на фудбалските терени, беше препознатлив по карактеристичната фризура и долгото опавче, сега популарниот „Малечкиот буда“ има целосно променет изглед.

 

Сега повеќе го нема опавчето, а и Баџо има едно 20-тина килограми повеќе и во шега преку „Инстаграм“ порача дека е подготвен да добие улога во популарната ТВ-серија „Наркос“.

Роберто Баџо во кариерата играше за Виченца, Фиорентина, Интер, Милан и Јувентус, а е познат и како најголем трагичар во италијанската репрезетација. Тој го промаши одлучувачкиот пенал во пенал-рулетот во финалето на Светското првенство кое се одржа во САД 1994 година против Бразил.

- Оглас -

Најнови вести