Погодоци ќе има на дербито во Германија, Рајо брка победа, Рома нема да загуби од Јувентус

3008 Рома – Јувентус (20:45 ч.)

Многу важен меч посебно за Рома, која се бори да остане барем на петото место на табелата кое носи пласман во Лигата на шампиони, но факт е дека и Јувентус уште не е сигурен за настап во елитната лига на УЕФА.

Рома дома има 11 победи и три реми во 17 средби што значи дека „Олимпико“ е нивни голем адут. На пет од последните шест меѓусебни дуели на овие ривали немало повеќе од два гола

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.75)

 

1808 Ајнтрахт Франкфурт – Баер Леверкузен (17:30 ч.)

Мисијата за новиот германски првак Баер Леверкузен е сезоната да ја заврши без ниту еден пораз, а гостувањето во Франкфурт е голем предизвик. Ајнтрахт сезонава дома има само еден пораз што е доказ дека пред своите навивачи играат многу сигурно.

На 12 од последните 13 меѓусебни пресметки имало најмалку по три погодоци кога играат овие ривали, па и сега треба да има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

1360 Рајо Валјекано – Алмерија (21 ч.)

Меч кој е многу важен за опстанокот на Рајо. Тимот уште не е стоотсто безбеден па затоа дуелот против фенерџијата Алмерија треба да е знак за три бода на домаќините. Рајо е познат како тим кој игра цврсто, со малку погодоци, а Алмерија го има убедливо најслабиот напад.

Предлог тип: 1&0-3 (2.40)

 

1957 Галатасарај – Сиваспор (18 ч.)

Галатасарај во свој раце ја има титулата и едноставно на вакви мечеви не смее никако да направи кикс. Сиваспор е на средината на табелата и гостите ќе играат без притисок.

Сепак, фактот дека Галатасарај сезонава дома е перфектен со 17 победи во исто толку средби, не дава голема надеж за гостите. Сепак, сезонава Сиваспор веќе му откинаа два бода на фаворитот кога на домашен терен одиграа 1:1.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.95)

 

1637 Феенорд – Цволе (20 ч.)

Феенорд има девет победи по ред во дуелите со Цволе и факт е дека сега фаворитот оди на десетиот триумф во низа. Холандскиот гигант игра офанзивно и во просек дава речиси по три погодоци.

Цволе има слаба одбрана, но игра офанзивно, па погодоците не треба да изостанат на овој дуел.

Предлог тип: 1-1&4+ (1.99)

- Оглас -

Најнови вести