12.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Centar.mk/Архива
СВЕТ

Зачестија ноќни пресметки во Белград – двајца мажи избодени ноќеска, едниот починал

Во Белград синоќа двајца мажи биле избодени со нож на две различни локации со разлика од една минута, јавува Нова.рс.

Првиот човек е избоден со нож во 0:54 часот на Теразије, во близина на хотелот „Москва“. Мажот е тешко повреден и е пренесен во Ургентен центар за реанимација.

Уште еден маж бил избоден минута подоцна, во 0:55 часот на аголот од улиците Добрачина и Дунавска, кој исто така бил пренесен на реанимација, соопштија од итната помош, пренесува Нова.рс. Телеграф јавува дека вториот маж починал и дека има две убодни рани.