ИЗРАЕЛ БИРА МОДЕЛ НА ОДГОВОР НА ИРАНСКИОТ НАПАД Америка го извести Нетанјаху дека не сака нов конфликт (ФОТО)

Израел е решен да одговори на нападот на Иран, но не е јасно кога и до кој степен. Воениот кабинет на чело со премиерот Бењамин Нетанјаху разговараше за деталите од контранападот. Тој треба да биде моќен, таков да не предизвикува војна од пошироки размери и да не биде блокиран од САД.

Техеран предупредува дека не сака тензии, но дека ќе возврати уште посилно доколку Тел Авив или Вашингтон одговорат на нивниот удар, што го потврди и министерот за надворешни работи на Иран. Граѓаните и јавноста веруваат дека Израел наскоро ќе нападне, поради што ситуацијата е тензична.

Обединетите нации, Русија и Кина предупредуваат на опасност од ескалација на кризата на Блискиот Исток, а САД не сакаат нови конфликти. Американскиот претседател Џозеф Бајден тврди дека е фокусиран на безбедноста на Израел, Блискиот Исток и Појасот Газа, а Белата куќа дека Бајден го предупредил Нетанјаху дека не сака војна од пошироки размери.

Израелската армија (ИДФ) ја одложува најавената офанзива во Рафах поради кризата со Техеран, додека Стејт департментот истакнува „значајна промена на подобро“ во пристапот на Израел кон преговорите за примирје. Сега, велат тие, Хамас го отфрла последниот предлог за прекин на конфликтот, кој влезе во својот 193-ти ден.

Насилството меѓу израелските војници и доселеници и Палестинците е во пораст на Западниот Брег откако израелски тинејџер исчезна во петокот, а подоцна беше пронајден мртов. ИД ги обвини „палестинските терористички организации“ за убиството. Во новите инциденти загинаа тројца Палестинци.