Утрово земјотрес од 4,1 степени во регионот на Кладово-Србија

Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:42 часот во Кладовскиот регион, во Србија, соопшти српскиот Републичкиот сеизмолошки завод.

Земјотресот што го погоди Кладово е почувствуван и во околните градови во Србија, како и во Романија. На веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), граѓаните на Кладово изјавиле дека од земјотресот им се треселе прозорците.

„За кратко време се почувствува силен земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, гласи еден од коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ.

Земјотресот го почувстувале и граѓаните на Ниш, Бор, Зајечар и Неготин.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала. Потресот е почувствувани и во Романија. Според сведочењето на жителите од околината на Крајова и Дробета-Турну Северин во Романија, мебелот во нивните куќи се треселe околу 4 секунди.

Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на српскиот Републички сеизмолошки завод.