Полјаците измислиле паричка која свети и лебди во воздух | Изгледа како летечка чинија | Видео

838

Пловечката монета наречена UFO MP-1766 е прва од ваков вид во светот и е официјално средство за плаќање.

Нарачана е од National Bank of Cameroon, а произведена од полската ковачница Mennica Polska.

Името на оваа иновативна монета е инспирирано од сличностите со летечка чинија и способноста да се ротира бавно во воздухот како вселенски брод на вонземјани.

Бројот 1766 се однесува на годината на основање на полската ковачница, како и на вредноста на монетата.

Имено, паричката е во вредност од 1766 камерунски франци (2,69 евра).

Иако може да се користи како законско средство за плаќање во Камерун, вредноста на ова мало чудо на инженерството далеку ја надминува неговата официјална вредност.

Ограничено издание

Со ограничено издание од само 510 примероци ширум светот, UFO MP-1766 има цена пред нарачка од над 1.000 евра. Прототипот на монета е претставен на крајот на февруари на Техничкиот форум во Берлин и ќе биде достапен оваа пролет.

„Не беше лесно да се одлучи со што да ги изненади учесниците на Техничкиот форум овој пат. Собравме тим од експерти од различни сектори на компанијата, вклучувајќи маркетинг и производство. Идејата беше спонтана: „Ајде да направиме летечка паричка“. На почетокот звучеше како добра шега, но секој ден стана јасно дека сме на висина на задачата. Ја најдовме вистинската технологија и таа успеа. Работата се одвиваше без проблеми, а производството напредуваше брзо“, вели Łukasz Karda, директор на Одделот за техничко и производно планирање на полската ковница.

Mennica Polska не објави премногу детали за технологијата користена за изработка на монетата UFO MP-1766, но познато е дека иновативната монета има вграден мал мотор кој се активира со магнетно поле генерирано помеѓу паричката и посебна база. Ова ѝ овозможува на сребрената монета да лебди и полека да се врти како летечка чинија.

Соработка со централната банка

Покрај неговите способности за лебдење и футуристички дизајн, UFO MP-1766 има и флуоресцентни елементи кои светат во мракот, додавајќи го драматичниот ефект.

Mennica Polska е единствениот приватен субјект на кој му е дозволено да произведува монети и инвестициски производи во Полска и единствениот производител на комеморативни монети издадени од Народната банка на Полска. Со цел UFO MP-1766 да биде законско средство за плаќање, а не само лебдечко парче сребро, компанијата мораше да склучи партнерство со централната банка.

„Не можеме едноставно да создадеме монета што ќе биде во официјален оптек бидејќи само централните банки имаат право да издаваат пари. Затоа, постои бизнис модел на контактирање со малку егзотични странски банки, во овој случај National Bank of Cameroon“, заклучува Karda.