Родителите на Данка скршени од тага и болка: запалија свеќи и оставија мало мече во центарот на Бор

by Fokus

Родителите на убиената Данка Илиќ (2) дојдоа на местото каде граѓаните и оддаваат почит на нивната ќерка и запалија свеќи, пренесуваат српските медиуми.

Како што објави „Блиц“, мајката на девојчето плачеше, а таткото држеше играчка, мало бело плишано мече, кое го бакна и го остави на местото каде имаше и други предмети оставени од граѓани.

Шефот на Управата за криминалистичка полиција, Нинослав Чмолиќ утрово во еден медиумски настап откри шокантни работи.

Тој кажа дека осомничените за убиството на Данка, откако со автомобилот ја удриле, мислеле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и во еден момент се разбудило.

„Деноноќно се собираат докази. Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се согласуваат за деталите за ударите, но не се согласуваат за вистинското убиство на детето. Данка била во несвест кога ја удриле со автомобил и тие мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила, по што едниот ја задавил и на крајот го фрлиле телото на депонија“, изјави Цмолиќ.

Жителите на селото Злот се шокирани од постапките на нивниот сосед Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен дека заедно со Срѓан Јанковиќ ја убил Данка. Неговиот татко Раде се уште не може да поверува што им се случило.

На депонијата каде се трага по телото на Данка Илиќ, полициските сили од утрово повторно копаат на два дела, горниот и долниот. Пристапот се уште е забранет, а камионите се возат само наизменично. Полицијата ги обезбедува двата пристапи.

Поврзани новости