ЕкономијаНовостиСветот на работникот

ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЕКС-ЈУ: Нето платата во Македонија е реално пониска за 2 %

   Време за читање 2 минути

Најголемата просечна плата исплатена во поранешните земји на СФРЈ во март оваа година била во Словенија, во износ од 1.423,75 евра, а најмала во Македонија – 568 евра.

Просечната нето плата во март во Србија изнесувала 729 евра. Во споредба со истиот месец претходната година, просечната нето плата во март 2023 година, номинално пораснала за 14.5 %, но реално е намалена за 1.5 %.

Во однос на март 2022 година, најголем реален раст на платата е забележан во Босна и Херцеговина, во „плус“ се уште и Хрватска и Црна Гора, додека просечните нето плати во споредба со истиот месец минатата година се реално пониски во Србија, Словенија и Македонија.

Просечната нето плата за март оваа година во Словенија номинално е поголема за 9.0 %, но реално е пониска во однос на истиот период минатата година.

Просечната месечно нето плата по вработен во Хрватска во март 2023 година изнесувала 1.130 евра, со што номинално е зголемена за 11.9 %, а реално за 1.1 % во однос на истиот месец 2022 година.

Во Босна и Херцеговина, просечната исплатена плата во март оваа година изнесувала 644,23 евра и во однос на март 2022 година, номинално е поголема за 15.4 %, а реално за 4.6 %.

Просечната нето плата во март во Црна Гора била 781 евро. Во однос на март 2022 забележала номинален раст од 10.9 %, а реален од 0.4 %.

Просечната исплатена плата во Македонија во март изнесувала 568 евра, што во однос на март 2022 година претставува номинален раст од 12.4 %, но просечната нето плата во оваа земја е реално пониска за 2.0 % во однос на истиот период минатата година.

Фото: Canva