22.8 C
Скопје
16:12 - 2 мај, 2024

Борбата за имотот штотуку почнува! Тони ѝ ги остави на Драгана замокот и телевизијата, но не сака да се откаже од ова

Иако се чини дека Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ сè поделија по разводот, нивната правна битка допрва следи. Според извор за „Блиц“, откако Тони се иселил од замокот во Виена, пејачката останала сама во него, но долга е листата на имоти кои ги стекнале низ годините.

Драгана често се наоѓа на списоците и листите на една од најбогатите јавни личности од овие простори.

Нејзиното богатство, според најновата проценка на веб-страницата „Net Worth Celebrities“ е 100 милиони долари.

Значајни извори на приход биле оние што тие ги создале преку заеднички деловни потфати. На прво место, тоа е телевизијата на чие чело се наоѓа Драгана од 2005 година. Драгана и Тони, исто така, веќе десет години поседуваат и компанија за продажба на луксузни автомобили, а меѓу нивните клиенти се и голем број нејзини колеги.

– Драгана и Тони поседуваат бројни имоти, некои во Австрија, некои на Балканот, но тоа ќе биде можеби и најлесно за делење. Проблемот се наѕира кога се во прашање компаниите, особено што компанијата што продава луксузни автомобили е една од најпрофитабилните. Иако изгледаше дека Тони е на чело на таа империја, Драгана беше таа што го туркаше целиот процес и ги влечеше важните конци. Многумина мислат дека двајцата ќе останат партнери во таа фирма, но вработените се сомневаат како тоа ќе функционира – вели изворот за „Блиц“, кој е запознаен со работите на поранешните сопружници.

Според него, проблем нема да бидат недвижностите, ниту телевизијата.

– Тони ќе ѝ ја препушти телевизијата на Драгана, бидејќи таа во тоа се разбира и цело време се занимава со тој дел од нивниот бизнис. Тони сигурно не го интересираат бизнисите во Србија, како и недвижностите. Замокот секако ќе им биде препишан на нивните деца, но Драгана може да престојува во него доживотно. Слично ќе биде и со другите недвижности, тие официјално ќе се водат на Марко и Мануела. Сепак, компанијата за луксузни автомобили може да биде камен на сопнување затоа што никој нема да сака да се откаже од неа. Впрочем, тоа е најголемиот извор на приход за ова семејство.

Според изворот, Драгана не се грижи за парите, но свесна е дека треба да ги плаќа трошоците за замокот и образованието на децата, а тоа не се мали износи.

– Само што ќе се разбудите во замокот во кој моментално живее Драгана, веќе сте потрошиле стотици илјади евра, објаснува изворот и додава:

„Станува збор за огромен имот и зграда, на која му требаат слуги, градинари и работници за да го одржуваат. Тоа е постојан персонал и без нив не може да функционира толку голем имот. Од друга страна, Драгана вложи многу пари на концерти и турнеи, а кога се инвестира многу, нема голема добивка. Парите никогаш не ѝ биле важни, но начинот на живот на кој била навикната со децении го променил нејзиниот животен стил. Не се грижи за парите затоа што знае дека ќе најде начин да заработи, но свесна е дека благодарение на неа, автомобилската компанија стана позната и се дозна за неа, затоа што многу нејзини колеги купувале автомобили токму од нив. Затоа нема така лесно да се откаже од својот дел. Законски, тоа е компанија што ја стекнале заедно и е предмет на поделба.“

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....