Во Кичево како да не живеат Македонци: Градоначалникот постави стотици албански знамиња – буквално на секое можно место (Фото)

За одбележувањето на Денот на албанското знаме, градоначалникот на Кичево од ДУИ, Фатмир Дехари, си го украсил целиот град со албански знамиња. Буквално не постои место каде не се вее албанското знаме.

На ова со соопштение и фотографии реагираа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од каде велат:

“Гледаме денес како градоначалникот Дехари го реализира тоа што го најави пред некој ден. Гледаме како го накитил нашиот град со стотици знамиња на туѓа држава по повод празникот на знамето на таа држава.

Господине Дехари ние немаме ништо против тие знамиња и разбираме дека во недостиг на конкретни мерки, стратегија и идеи изминативе 20 год. централна власт и 9 год. локална власт, секогаш вие и вашата партија го користите овај квази патриотизам и национализам за да ја прикриете вашата неспособност и катастрофалното владеење поради кое буквално во нашиот град се случува егзодус.

Господине Дехари овие знамиња не ги хранат и не им овозможуваат подобар живот на младите еманципирани и образовани Албанци кој изминативе години масовно го напуштаат градот.

Господине Дехари овие знамиња нема да го променат страшниот, жалосен и поразителен факт што оваа година на цела територија на општина Кичево се запишаа само 290 првачиња од кои: ? 150 на Македонски наставен јазик и само ? 120 на Албански наставен јазик

Господине Дехари овие знамиња нема да ги спречат младите да си одат од убедливо најзагадениот и најмрачниот град во државава.

Господине Дехари овие знамиња нема да го променат фактот дека живееме во држава во која владее криминал, целосно заробени и нефункционални институции, непотизам и вработување врз роднинска и партиска основа а не врз основа на квалитет и мерит систем.

Господине Дехари овие знамиња сигурно нема да го осветлат магистралниот пат на кој поради тоталниот мрак изминатиов период се имаат случено десетина сообраќајни несреќи.

Господине Дехари овие знамиња нема да ги заштитат граѓаните на Кичево од илјадниците кучиња скитници кој што секојдневно ги напаѓаат.

И на крај господине Дехари сакаме да ви порачаме дека патриотизам во 21 век е решавање на сите овие елементарни работи и овозможување на основни услови за живот и функционирање со кој ќе се спречи егзодусот на младите од Кичево.

П.С. Ако мислите дека не сме во право ве охрабруваме да продолжите вака и следната година не 110 слободно да поставите десетици илјади знамиња па можеби кога некој од нашите сограѓани што веќе избегале од родниот крај ќе ги види на сликите што ќе ги објавите ќе се реши и да се врати во ова наше жално Кичево”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.