Качевски главен во Охрид, Ставрев ќе им суди на Брера и Вардар

Во недела ќе се одиграат натпреварите од 29. коло од Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судии кои беа делегирани за да ја делат правдата на сите шест прволигашки натпревари.

Александар Ставрев ќе биде главен во Турново каде на „Кукуш“ ќе играат Брера Струмица и Вардар, Јован Качевски ќе им суди на Воска Спорт и Брегалница,
Марјан Младеновски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Работнички и Македонија ЃП.

Александар Грујоски ќе им суди на Струга Трим Лум и Силекс, на Чаир ќе биде главен Димитар Пилешков каде ќе играат Шкупи и Тиквеш, а пак Игор Иванов ќе им суди на Шкендија и Гостивар во Тетово.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 29. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Брера Струмица – Вардар, Александар Ставрев (Скопје)
Воска Спорт – Брегалница, Јован Качевски (Струга)
Работнички – Македонија ЃП, Марјан Младеновски (Скопје)
Струга Трим Лум – Силекс, Александар Грујоски (Кичево)
Шкупи – Тиквеш, Димитар Пилешков (Штип)
Шкендија – Гостивар, Игор Иванов (Велес)

Александар Ванев, М-Нет