еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Павле Трајанов: Протоколот со Бугарија е контроверзен, да не се потпишува

Протоколот усогласен помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, да не се потпишува, бидејќи е контроверзен и и овозможува на Бугарија директно да се меша во внатрешните работи на Македонија, посебно во идентитетските, историските и образовните прашања, смета лидерот на владејачката Демократска партија (ДС), Павле Трајанов.

-Протоколот треба што поскоро да се објави за да можат граѓаните и експертите да го разгледаат.  Воедно укажуваме дека за пакетот во кој се содржани повеќе предлог документи, преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ, Акционен план, годишни прегледи и протокол, треба да мине низ широка расправа, за да се слушне гласот на народот.

Во текот на оваа расправа, министрите да се воздржат од закани со кривичен прогон на тие што имаат поинакви ставови, потоа со меѓуетнички тензии и сл.

Договорената стратегија за широки консултации треба да се одвива во демократска атмосфера, одговорно и транспарентно, велат од ДС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: На крај наместо Македонија да влезе во ЕУ, Бугарија ќе го заврши процесот на асимилација започнат во 19 век

Димитриевски: Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка

Фото: ДС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Важна вест за граѓаните кои ќе патуваат во Бугарија: Вињетите ќе се купуваат електронски

Редакција

Твитер „полуде“ по новата книга на Груевски: „Гепекот беше мал ама надежта голема“

Редакција

Како се движеше цената на акцијата на Алкалоид лани

Редакција