Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа надигра подобро рангирана тенисерка на турнирот во Трнава

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа надигра подобро рангирана тенисерка во првото коло на силниот ИТФ фјучерс во Трнава, Словачка.

Ѓорческа ги одмери силите со Полина Кудерметова која е 165. на ВТА листата или поточно 48 позиции пред нашиот рекет, меѓутоа таа разлика не се почувствува или поточна тетовката се покажа во подобро издание, направи изненадување и славеше со 2-0 во сетови.

Нешто повеќе од еден ипол час треше соочувањето на централниот терен каде Лина двата сета ги реализираше со 6-4 и обезбеди пласман во втората рунда.

Македонката освои 71 поен и имаше фантастична реализација на брејк шансите, шест од седум.

Следна противничка може да и биде првата ноистелка Маи Хонтама под услов Јапонката да слави над Радка Зелницкова.

Инаку фјучерсот во Трнава се игра на земјена подлога за вредност од 60.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни