Фрегатата „Алзас“ на француската армија се повлекла од водите на Црвеното Море во близина на Јемен кон Суецкиот канал, по првата пресметка со ракетите и беспилотните летала на јеменските вооружени сили.

Командантот на фрегатата, во интервју за францускиот весник „Фигаро“ зборува за причините за одлуката за повлекување на бродот.

Повлекувањето на нашиот воен брод се должи на високото ниво на закана од Хутите (движењето Ансар Алах). Долго време не сме се занимавале со вакво ниво на војна и не очекувавме да се соочиме со вакво ниво на закани и неограничено насилство во Црвеното Море и Аденскиот Залив“, вели тој.

Францускиот командант, додава дека „Хутите се исклучително вешти и одлучни во нивната употреба на беспилотни летала и балистички ракети“.

Тие се вешти во својата техника и колку повеќе пукаат, толку се попрецизни“, додава францускиот командант.

Тој, исто така, нагласува дека француската фрегата ја користела сета своја воена опрема – од ракети „Астер“ вредни два милиони долари до митралези за време на пресметката со нападите на Хутитте.

По одлуката на Европската Унија да распореди воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив во февруари 2023 година, француската морнарица испрати два воени брода – „Алзас“ и „Лангедок“ во водите во близина на Јемен. Фрегатата „Алзас“ е опремена со систем за противвоздушна одбрана, а „Лангедок“ е противподморничка фрегата.

Француската војска тврди дека во овој период фрегатата „Лангедок“ соборила две беспилотни летала камикази, а воениот брод „Алзас“ уништил три балистички ракети на движењето Ансар Алах при две операции во Црвеното Море.

Воениот брод „Алзас“ е вториот европски воен брод што го напушти Црвеното Море и се повлече, по данскиот воен брод – фрегатата „Ивер Хуитфелд“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.