Преговорите на Ливерпул со новиот тренер во напредна фаза

Холанѓанецот Арне Слот веројатно ќе биде нов тренер на Ливерпул. Откако пропаднаа преговорите со Рубен Аморим од Спортинг и со Чаби Алонсо од Баер Леверкузен, сега „црвените“ се целосно насочени кон предводникот на Феенорд.

Слот наводно прифатил да биде дел од Ливерпул, а Феенорд ќе добие  надомест за неговото заминување. Пред една година, Слот беше во комбинација и за Тотенхем, но тогаш трансферот не се случи.

Слот нема некое големо тренерско искуство. Покрај Феенорд, беше тренер и една сезона во Аз Алкмар, и една сезона како В.Д. тренер во Камбур.

Се вчитува...