Црна хроника
(Видео) Уапсен е возачот кој со мопед удри дете и избега, ќе биде поднесена кривична пријава

Во врска со видеото на кое се гледа мопед како удира дете и го напушта местото на настанот, Министерството за внатрешни работи известува дека се преземени соодветни мерки и активности и возачот е пронајден и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
Настанот, според МВР, се случил на 02.04.2025 во 14.05 часот на крстосница од ул.”Ферид Бајрам” и ул.”Алпи” во Скопје кога мопед удрил осумгодишно дете и го напуштил местото на настанот, а на детето му се констатирани телесни повреди во ГОБ “Св. Наум Охридски”.
„По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа возачот Ч.Т. (63) од Скопје и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 од КЗ за загрозување на безбедноста на сообраќајот, чл.297А од КЗ за безобзирно возење и чл.301 од КЗ за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, по брза постапка“, се истакнува во соопштението од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на фудбалски натпревар во Дебрца: нападнат фудбалер на гостинската екипа, кој завршил во болница

Синоќа, во селото Волино, општина Дебрца, полицијата го приведе С. Б. (43) од истото село.
Тој, по завршувањето на фудбалскиот натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р. Н. (25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување помош.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ужас на автобуска постојка во Карпош: со закана со нож ограбени тинејџери

Синоќа Д.М.(44) од Куманово пријавил дека во периодот од 14.00 до 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет од неговиот 17-годишен син и нивен 15-годишен роднина одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пукано од автомобил во движење во Петровец

Синоќа во селото Петровец, од автомобил во движење, биле испукани неколку куршуми.
Полицијата изврши увид на местото на настанот и подигнале седум чаури од гасен пиштол за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.