Навивачите на Рома експресно собраа пари да ја платат казната на фудбалерот што го вееше контроверзното знаме

За помалку од 24 часа, навивачите на Рома собраа доволно пари за да ја платат казната која ја заработи фудбалерот Џанлука Мансини, порадинеговата непримерна постапка по победата над Лацио.

Италијанскиот дефанзивец беше херој на последното римско дерби откако го даде единствениот гол за победа над Лацио. По дуелот, Мансини славеше со навивачите, а во еден момент почна да го вее знамето на кое има глушец и е во боите на градскиот ривал Лацио.

За овој неспортски потег, Мансини е казнет со 5.000 евра, а фановите на Рома за помалку од еден ден успеаа да соберат 5.900 евра преку фондацијата Go Fund Me“. Дури 620 навивачи донирале пари за плаќање на оваа казна.

Доколку фудбалерот на Рома не сака да ја прифати понудата на фановите да ја платат казната, навивачите најавија дека собраните пари ќе бидат дадени во хуманитарни цели.

- Оглас -

Најнови вести