Сеќавање: 9 години без истакнатиот македонски писател и новинар Димитар Димитровски – Такец

Димитар Димитровски – Такец е роден во 1922 година во Битола. Тој беше истакнат македонски новинар, писател и публицист, сликар и композитор. Најпознат е како дојаен на битолското и македонското новинарство.

Во својата долгогодишна творечка активност на повеќе полиња дал своевиден прилог во културното, ликовното, поетско и музичко движење во Битола. Студирал право во Софија и Белград. Работел како правен референт, селски учител и новинар, каде најголем дел од кариерата ја минал во Нова Македонија, Битолски весник и Радио Битола. Истражувал материјали за браќата Манаки, за Мустафа Ќемал Ататурк, за Вагнер, за Димитрие Лала и др.


Во сликарството остварил 16 самостојни изложби и напишал 20 музички композиции. Бил член на Македонското научно друштво.

Починал во Битола на 1 мај 2015 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …