ОВАЈ ИГУМЕН Е НАЈГОЛЕМОТО МАКЕДОНЧИШТЕ КОЈ ГИ РАЗОБЛИЧИЛ БУГАРСКИТЕ ЛАГИ ВО 18 ВЕК! 

Игуменот Езекил (1836–1898)
– симбол на македонскиот непокор наспроти српската и бугарската пропаганда
Александар Феодорович Ритих за лешочкиот игумен Езекил:
– ТОЈ СЕ СМЕТАЛ ЗА ЧИСТОКРВЕН МАКЕДОНЕЦ И НЕ СЕ ПРИЗНАВАЛ НИ КАКО БУГАРИН НИ КАКО СРБИН. ЦЕЛОТО НЕГОВО СЕМЕЈСТВО БИЛО ПОЛНО СО ТАКВИ, КАКО И ТОЈ, СЕЛАНИ, КОИ НА СВОЕТО НАЦИОНАЛНО ПОТЕКЛО ГЛЕДАЛЕ СО ОЧИТЕ НА СВОЈОТ ИГУМЕН.
Бугарските лицемерни ФАЛСИФИКАТИ за Лешок:
Факти за македонска национална свест, од Лешок, од втората половина на XIX век
Лешочкиот манастир Св. Атанасиј бил центар на македонската национална борба против бугарските и српските пропаганди уште од крајот на XIX век… Ритих по својот опис за Лешок продолжува со опис за Лешочкиот манастир:
„Северно од селото, на угорнината, се наоѓа Лешочкиот манастир Св. Атанасиј. Овој манастир бил основан од Скопскиот митрополит Никанор во 1 600 г., како што сведочат манстирските ракописи. Но, освен ракописите, во дворот кај чешмата има српски натпис што е многу тешко да се разбере, зашто Бугарите пред неколку години многу го изгребале, особено онаму каде што се датумите и буквите. Во секој случај дури и бугарскиот иследувач К`нчев укажува дека пред манастирот на Никанор, на ова место постоел манастир изграден од великиот Душан и сегашниов изгребан српски натпис тој го приведува како доказ за тој факт“.
Кога сме кај бугарските фалсификати и пропаганди, на ова место треба да се прикаже и една сторија која Ритих ни ја пренесува веќе на следната страница. Имено опишувајќи го подоцнежниот пречек од целото братство, тој ќе каже:
„Сите монаси, седум на број, беа селани,од нив повеќето тукашни. Еден од нив, монахот Мортириј, бил кај нас во Русија, живеел во Одеса и во други јужни градови, научил да говори руски, но од друга страна кај нас добил туберкулоза и дошол во манастирот да го одживее својот век. Овој монах се покажа поразвиен и поинтелигентен од другите и поради тоа не сакајќи ние и сите Срби се нафрливме врз него со прашања за трагичната смрт на предходниот игумен, отец Езекил. Смртта на овој игумен фрла наголемо срамна дамка врз месните водачи на Бугарите и нивните повисоки раководители од македонскиот комитет. Работата се одвивала вака:
На чело на манастирот мошне долго време се наоѓал отец ЕЗИКИЛ, тукашен човек, во висок степен чесен и набожен, кој стоел настрана од агитацијата, како српска така и бугарска. ТОЈ СЕ СМЕТАЛ ЗА ЧИСТОКРВЕН МАКЕДОНЕЦ И НЕ СЕ ПРИЗНАВАЛ НИ КАКО БУГАРИН НИ КАКО СРБИН. ЦЕЛОТО НЕГОВО СЕМЕЈСТВО БИЛО ПОЛНО СО ТАКВИ, КАКО И ТОЈ, СЕЛАНИ, КОИ НА СВОЕТО НАЦИОНАЛНО ПОТЕКЛО ГЛЕДАЛЕ СО ОЧИТЕ НА СВОЈОТ ИГУМЕН.
Во средината на 90 – тите години (од XIX век – з.н) бугарско – српската агитација го достигнала својот врв, па Бугарите решиле да ги употребат сите усилби и сите средства за побугарување на Тетовската кааза. Првата цел, се разбира, бил Лешочкиот манастир, и тука дошле бугарските агитатори за да го убедат отец Езекил да се признае себеси и верниците за „Бугари”.
Ни совети, ни поголеми парични понуди, ни застрашувања не помогнале. Отец Езекил останувал неумолив, се откажал од какви и да е преговори и гласно ги разобличувал агитаторите. Откако го потрошиле сето свое красноречие, агитаторите се оддалечиле со клетви и му порачале на еден од своите членови да сврши со Езекил. Последниов наскоро потоа бил ѕверски убиен, а БУГАРИТЕ ЗА ДА ГО ОТСТРАНАТ ОД СЕБЕ СОМНЕНИЕТО, го погребале со свечености и му поставиле великолепен гроб, со соодветен бугарски натпис. По неговата смрт, за старешина на манастирот бил поставен бугарофилот отец Еротеј, кој и избрал кон себе соодветна братија. Оваа верзија јас ја слушнав од мошне многу Турци, Руси и Срби во Тетово и Скопје. Сите раскази малку се разликуваат еден од друг, а овој што го раскажав е составен според кажувањата на Турчинот Халил – ефенди, (драгоман) на кајмакамот“.
Пророкот Езекил чие световно име го носеше игуменот на Лешочкиот манастир кој загина на крајот од XIX век, бранејќи ја својата македонска народност
Заклучок 1 – Прејасна е националната свест на македонскиот народ во Тетовско, на крајот од XIX век, толку јасна што и во Скопје за неа се говори меѓу конзулите, но и противниците (Турците, Србите и др., освен директните виновници – Бугарите).
Заклучок 2 – Пресилна е националната свест на македонскиот народ, толку силна што никакво красноречие од бугарските агитатори, никакви пари, понуди или застрашувања не им помогнале во намерата за побугарување на македонскиот народ.
Заклучок 3 – Пречиста е националната свест на македонскиот народ, толку чиста што отец Езекил одбил било какви преговори по македонското националното прашање. При потполно беспомошна позиција, на национално, духовно и др. ропство, за него по ова прашање не се преговара. Каков светол пример за непримерните македонски политичари кога денес при своја македонска држава лесно преговораат по најсуштествените прашања за македонскиот народ.
Заклучок 4 – Прехрабро е држењето на македонскиот народ и водачите во крајот на XIX век. Отец Езекил иако знае што го чека по одбивањата на понудите но и застрашувањата од Бугарите, зашто бил преопасен за да го остават во живот, а народот е со него, отецот упорно останал во одбрана на својата македонска народност.
Заклучок 5 – Прежесток е отпорот на македонскиот народ во тие и такви услови. Отец Езекил не само што не прифаќа преговори но на бугарските пропаганди одговара со нивно разобличување пред народот.
Заклучок 6 – Превозвишен е чинот на саможртва од отец Езекил, во опстојот на неговиот македонски народ, така чест низ македонската голгота. Саможртвите на Македонките со фрлања од карпи во одбрана на честа и верата (во македонскиот фолклор има оро од ова – “Момин скок”), со саможртвате на Македонецот се неизбришив печат на непомирливоста со туѓите посегања. И не само низ битките од турскиот период но и подоцна кога во борбите со бугарскиот окупатор легнувајќи врз откочените бомби паѓаа македонските синови Стив Наумов, Борка Талески, Никола Петров и мн. други.
Заклучок 7 – Иако можеби изгледа дека игуменот не успеал во својот став и национална свест, зашто Бугарите не само што го убиле но му поставиле и надгробен бугарски епитаф, сепак неговата жртва го дала возвишениот резултат. Бесмртноста на македонското национално чувство денес, со сопствена држава е изградена од илјадници вакви саможртви – македонски отци и синови.
_______
Езекил – македонски, тетовски игумен, борец за македонската кауза и возобновување на Охридската архиепископија. Ученик на лешочкото богословско ќелијно училиште, а во манастирот Хиландар го добил чинот јеромонах. Бил игумен на Лешочкиот манастир „Св Атанасиј“ (1878–1898), кој во тоа време станал економски моќен. Поради неговата борба против бугарската и против српската пропаганда, како и поради неговата заложба за македонската кауза и македонските идеали бил убиен.
Езекил се родил во тетовското село Глоѓи во 1836 година. Се образовал во лешочкото богословно ќелијно училиште. На 21 година се замонашил во Лешочкиот манастир, а потоа во манастирот Хиландар се стекнал со чин јеромонах. Во 1878 година бил поставен за игумен на Лешочкиот манастир, на чие чело ќе остане се до својата смрт во 1898 година.
Игуменот Езекил поседувал големи организаторски способности и лешочкиот манастир својот зенит во материјална смисла го доживеал за време на неговото игуменување. Во овој период тој успеал да откупи повеќе имоти не само во селата околу Лешок, туку и во Тетово, Гостивар, Скопје и Солун. Со оглед дека турските власти не дозволувале манастирите да купуваат имоти, игуменот купувал на име на неговиот брат Момир, кој подоцна се замонашил и имотот му го подарил на манастирот.
Чесен, побожен и економски моќен, игуменот Езекил во 1889 година го изградил и најголемиот и најубав манастирски конак, во чиј состав е и параклисот посветен на светите Кирил и Методиј.
Игуменот Езекил, кого народот го знае како аџи Зек Илија, се сметал за Македонец. Соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и се борел за возобновување на Охридската архиепископија. Ваквата определба им пречела на српската и на бугарската пропаганда.
Бугарската пропаганда решила по секоја цена да го отстрани отец Езекил, кој не сакал себеси и верниците да ги прогласи за „Бугари“ и да ги приклучи кон Егзархијата. Откако ни поткупите ни застрашувањата не помогнале да го остранат македонскиот игумен, тогаш го поткупиле пашата од Ратае да го тргне македонскиот патриот и способен игумен на Лешочкиот манастирот.
Првично пашата се обидел да го откупи манастирот и му испратил абер на игуменот Езекил да му го продаде манастирот и целиот манастирски имот за еден шиник злато. На тоа игуменот одговорил дека дава два шиника злато за целиот имот на пашата во полошката нахија со сите кули и ливади.
Ваквиот одговор го налутило пашата кој решил по секоја цена да го ликвидира игуменот Езекил. Тој со своите помошници припремил заседа во која со намамил игумемот. На 30 јуни 1898 година, Езекил бил известен од потплатените измеќари дека аргатите кои работеле на манастирскиот имот наводно се скарале и степале, па дури го запалиле пожнеаното жито, по што тој веднаш заминал да ги смири. Но по пат, кај месноста Млаѓ, игуменот Езекил бил пречекан од луѓе на пашата кои со ножеви го нападнале и убиле.
Веднаш пропагандата тоа го искористила да обвини дека неговото убиство било атак врз српските интереси. Бугарофилите пак за да го остранат сомнежот од себе го погребале со свечености и му направиле великолепен гроб со содветен бугарски натпис.
Меѓутоа игуменот Езекил бил голем патриот и се чуствувал дека е чистокрвен Македонец, како што се чуствувало неговото семејство и селаните. Ова го потврдува Петар Ритих кој три години по убиството на игуменот Езекил престојувал во Лешочкиот манастир. Во 1901 година рускиот публицист ќе го забележи следното:
„На чело на манастирот мошне долго се наоѓал отец Езекил кој стоел на страна и од српската и од бугарската агитација. Се сметал за чистокрвен Македонец. Прва негова цел била Лешочкиот манастир каде што дошле бугарски агитатори да го убедат да се произнесе себе си и верниците како Бугарин. Освен совети му нуделе големи парични средства, го застрашувале, но отец Егзекил останал неумолив. Агитаторите се повлекле со клевети, а Езекил потоа бил убиен на ѕверски начин“, пишувал рускиот публицист Ритих.
Киворот на големиот патриот, игуменот јеромонах Хаџи Езекил се наоѓа во манастирскиот комплекс во Лешок.
Превземено од Macedonia : a True Endless Story …
Можно е да е слика од 1 лице
Сите реакции:

Златко Крстевски и 13 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа