Како изгледа љубовта со Стрелците?

Стрелците се посебен огнен знак во хороскопот.

Photo by Vows on the Move on Unsplash

Она што ги прави уникатни и интересни е нивната авантуристичка природа и спонтаност. Тие не се плашат од животот и постојано трагаат по одговори насекаде низ светот, без оглед на тоа дали патуваат или истражуваат.

Со оглед на тоа дека Стрелецот е променлив знак, тие се и такви во љубовта. Нивните главни карактеристики се прилагодливоста и флексибилноста. Постојано трагаат по промени и нешто подобро, а она што им е најважно е нивната независност и слобода. Бидејќи се управувани од Јупитер, која е планета на изобилството, зборот доволно не постои во нивниот речник. Но, тоа не е значи дека тие се неверни. Голем дел од Стрелците ги избегнуваат врските бидејќи веруваат дека другата личност ќе ги врзе и земе нивната слобода, но кога ќе се заљубат, тие сакаат да се во врска со личност која го поттикнува нивниот интелект и која може да се носи со нивната спонтаност.

Со нив, ќе научите да танцувате нови танци, да играте на зајдисонце, да отидете на патување кое сте го договориле во последен момент. 

Тие никогаш не се здодевни. Сакаат да флертуваат, да ве освојуваат со своите возбудливи приказни и динамична природа, а имаат и заразно смеење. Некако освојуваат со својот магнетизам и како да не се трудат воопшто околу тоа. Лесно се привлечени од личности кои имаат слична природа и вродена смисла за хумор.

Често знаат да бидат многу директни, што ги прави во нечии очи да изгледаат претенциозно или арогантно. Тие како да немаат филтер во однос на она што го кажуваат.

Со кого се сложуваат во љубовта?

Стрелците може да се сложуваат со секого во љубовта, сè додека другата личност им даде слобода. Без оглед на тоа дали се губат во филозофските разговори или пак во своите патувања во далечни земји, на Стрелците им е најважна слободата. Тешко им е да бидат лојални и доследни и да ги одржат своите ветувања, што може да ја отежни нивната комуникација со земјените знаци како што се на пример Јарците, Девиците и Биковите. Слично на тоа, водените знаци – Рак, Шкорпија и Риби можат да ги сфаќаат работите премногу лично и често да бидат повредени во врската. 

Ако сте доволно среќни да се поврзете со нив, подгответе го својот пасош. На своите патувања тие најчесто заминуваат со огнените знаци Лав и Овен, бидејќи тие можат да се носат со нивната динамичност. Освен тоа, воздушните знаци – Близнаци, Водолија и Вага само го разгоруваат нивниот пламен и страста е огромна во ваквите врски. Тие се и љубопитни како и Стрелците, па во ваквите љубовни односи владее силна привлечност и поврзаност.