ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Влада без принципот „победник со победник“ нема да има

Османи: Влада без принципот „победник со победник“ нема да има

Отвореното одбивање на Христијан Мицкоски да совладее со ДУИ во следниот мандат ја натера оваа партија да ја заостри реториката кон него. Според партијата на Ахмети, тоа нема да се случи и ќе се почитува волјата на народот.

„Владата ја гледаме како можност за остварување на овие цели, за разлика од оние кои се подготвени да го загрозат народот и волјата на народот за власт. Сакам да ви кажам една работа; тоа нема да се случи, волјата на народот не може да се наруши ниту денес, ниту било кога. Жалам што дојдовме во ситуација да го вратиме споменот на Југославија кога Белград им рече на албанците, што и да сакате, Рахман Морина ќе ве претставува и Рахман Морина цинично се смееше на волјата на народот“, рече Бујар Османи, ДУИ.

Албанската опозиција, пак, алудира на можен договор меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ, кој вклучува уставни измени и позиции преку кои, како што велат, ќе се борат против криминалот. Уште повеќе, челниците на ВРЕДИ велат дека ДУИ не може повеќе да се нарекува чисто албанска партија, по сите имиња од малцинствата на списокот за пратеници.

„Како единствени натпреварувачи во албанскиот политички кампус и секако победници на овој блок, ние сме и единствените и легитимни претставници на албанците на овие избори. Следствено, ова не принудува да ги претставуваме албанците во идната влада, каде меѓу другото, ќе раководиме со важни институции од секторот за внатрешни работи, кои се одговорни за санкционирање на криминалот и корупцијата, за силно и директно да се борат против криминалот и долгогодишната корупција”, рече Африм Гаши, претседател на Алтернатива, ВРЕДИ.

Дуи го обвинува ВРЕДИ дека е подготвен да влезе во владата со ВМРО-ДПМНЕ без никакви услови, но Мицкоски пред еден ден изјави дека Ахмети е тој што се покажува како идеолог, но кој испраќа емисари да бараат да влезат во владата без услови. Мицкоски и на последната средба со граѓаните рече дека е време ДУИ да оди во опозиција./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button