Дерби-дуелите во Италија, Англија, Франција и Португалија се главен предизвик во новото коло

Новото 29-то коло на Спортска прогноза започна денеска, а во понудата има 13 интересни меча на кои треба да се погоди фиксот. Во минатото коло, Игор С. имаше 11 погодоци и со тоа си заработи вредносен ваучер од 500 денари во Sport Life. Како во секое коло, така и сега, главна мисија за сите прогнозери е да се обидат да стигнат до перфекција, односно до 13 погодени фиксови, што би им дало можност да си одберат еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).

Со 12 погодоци следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ката се вреднува со ваучер од 500 денари.

Во ова коло има неколку дерби-мечеви за кои ќе биде посебен предизвик да се погодат како ќе завршат. Јувентус е домаќин на Милан во дуел на третиот и вториот во Серија А. Двата тима немаат победа во последните две првенствени кола и ќе биде интересно да се види кој ќе ја прекине оваа мини-низа без триумф.

Лондонското дерби меѓу Тотенхем и Арсенал е многу значајно за двата тима. Домаќините се во трка за четвртото место на табелата, кое води во Лигата на шампионите за следната сезона, а Топчиите уште се со реални шанси за освојување на титулата.

Во Франција дербито е меѓу Олимоик Лион и Монако, а во Португалија, Порто е домаќин на Спортинг.

Освен овие мечеви, има и други интересни средби кои треба да погодите како ќе завршат и веќе може да се прогнозираат фиксовите.

- Оглас -

Најнови вести