Рома, Аталанта, Баер и Марсеј во полуфиналето на Лига Европа

Фудбалерите на Рома, Аталанта, Баер и Марсеј се пласираа во полуфиналето на овосезонското издание на Лига Европа.

Новиот германски шампион Баер од Леверкузен сѐ уште е непоразен во сите натпреварувања оваа сезона, откако во реваншот од четвртфиналето на гостувањето кај Вест Хем Јунајтед во Лондон одигра 1;1 и со тоа ја одбрани победата од 2:0 од првиот меч пред една недела. и хрватскиот репрезентативец Јосип Станишиќ го одиграа целиот натпревар за „Аптекариите“.

Под водство на Алонсо, Баер сѐ уште нема загубено натпревар во ниту едно натпреварување оваа сезона. Во Бундеслигата има 25 победи и четири нерешени, во Лига Европа „Аптекарите“ остварија осум победи и две ремија, а со пет победи стигнаа до финалето на Купот на Германија. Вкупно Баер има 38 победи и шест нерешени во 44 официјални натпревари, со гол разлика 124:32.

Вест Хем поведе во раната фаза од натпреварот преку Антонио (13), потоа имаше уште неколку добри прилики да ја зголеми предноста, односно да ја анулира негативата, но не ги искористи и беше казнет за тоа на самиот крај во 89 минута кога шутот на Фримпонг се одби од блокот на еден од домашните бекови и заврши во мрежата за конечни 1:1.

Аталанта, која и покрај поразот на домашен терен од Ливерпул со 0:1, се пласираше со вкупни 3:1 благодарение на високата победа на „Енфилд“ минатата седмица. Гостите постигнаа гол на самиот старт од натпреварот кога Салах во 7 минута го реализираше среќно добиениот удар од белата точка откако топката го погоди Ругери во раката. Сепак, во преостанатиот дел од натпреварот Аталанта сигурнно ги одбрани преостанатите два гола предност.

Рома по вторпат за една седмица го совлада Милан во „сеиталијанската пресметка“, откако пред една седмица победи во Милано со 1:0, овојпат победи со 2:1 во Рим. Манчини (12) и Дибала (22) ѝ донесоа предност на Рома од 2:0, но домашните останаа со 10 играчи во 31. минута откако беше исклучен Селик, но Милан успеа само да го ублажи поразот преку Габија дури во 85 минута.

За Рома ова е трета година по ред како стигнува барем до полуфинале во европските натпреварувања, во 2022 година ја освои Конференциската лига, додека лани го загуби финалето на Лига Европа од Севиља по изведувањето пенали.

На дуелот помеѓу Марсеј и Бенфика патникот во полуфиналето беше одреден со удари од белата точка. Со голот на Мумбањ (79), Марсеј ја надополни минималната негатива од првиот меч во Лисабон, а бидејќи резултатот не се промени во дополнителните половина час, започна пенал-рулетот. Првиот обид за Бенфика го направи искусниот Ди Марија, но ја погоди гредата а во четвртата серија голманот на Марсеј Пау Лопез го сопре обидот на Антонио Силва. Од друга страна, сите четворица домашни изведувачи беа сигурни и го однесоа Марсеј натаму.

Во полуфиналето ќе играат Рома – Баер и Марсеј – Аталанта. Првите натпревари се закажани за 2 мај, а реваншите на 9 мај. Финалето ќе се игра на 22 мај во Даблин.