После двете победи: Германија го наградува Нагелсман со нов договор

Германската фудбалска федерација му нуди нов договор на досегашниот селектор Јулијан Нагелсман. Договорот на селекторот е до крајот на ЕВРО 2024 година.

Според „Билд“, понудата до Нагелсман ќе биде дадена наскоро, кога тој ќе има средба со претставници на федерацијата.

Неговиот нов потенцијален договор ќе има интересна клаузула, а тоа е дека договорот би бил раскинат ако Германија испадне во групната фаза на едно големо натпреварување.

„Елфот“ на Европското првенство ќе игра во група со Шкотска, Швајцарија и Унгарија.

Германија играше слабо во пријателски мечеви, и поради тоа беше сменет Ханс Флик со Нагелсман. Новиот селектор имаше слаб старт, но на последните два меча ги победи Франција и Холандија, и меѓудругото тоа беше причина за понуда за нов договор на Нагелсман.

Се вчитува...