еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид отвара уште една компанија во Хрватска, открива Мукаетов во интервју за „Јутарњи лист“

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на една од најголемите македонски извозни компании, Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов во интервју за хрватски „Јутарњи лист“ ексклузивно откри дека Алкалоид ќе отвори уште една компанија во Хрватска за потребите на компанијата за работењето во Европската Унија.

-Нашите производи се продаваат на речиси 50 пазари ширум светот и 69 отсто од нашите приходи доаѓаат од извоз. Нашиот најголем извозен пазар е Србија, каде што имаме сопствено производство и околу 150 вработени, а пласманите таму изнесуваат околу 40 милиони евра.

Во Хрватска, ние сме коректен партнер на здравствениот систем, пред се во обид да го снабдиме системот со оние молекули кои се дефицитарни. Во Хрватска имаме два субјекта, тим за хрватско работење со околу 40 вработени во Загреб, како и правна служба за цела Европска Унија, а деновиве очекуваме регистрација на трета компанија, која би правела одредени операции во Европската Унија, покрај таквата канцеларија што веќе ја имаме во Словенија.

Во Словенија, Алкалоид има и лабораторија, каде што издаваме серија лекови (batch releasing), како и компанија која е задолжена за сите операции во Европската Унија, каде што сме присутни на речиси сите пазари, од Австрија, Италија, Португалија, преку Полска, Чешка, Романија, Бугарија и пошироко, вели Мукаетов во интервјуто.

Целото интервју ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид донираше течен „Омепразол“ со кој ќе помогне во лекувањето на околу 200 деца

Becutan kids vits на Алкалоид ја освојува и далечната Монголија

Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, Алкалоид и Макпетрол во март

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Алкалоид” пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,8 милиони евра

Редакција

Четворица македонски државјани евакуирани од Судан

Редакција

Еврокомесарот Вархеји утре во Софија, па доаѓа во Скопје

Редакција