Connect with us

Домашни банки

НЛБ Банка со важно известување за клиентите

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите клиенти и соработници дека на социјалната мрежа Facebook, преку страница именувана како ’’Personal offers’’ се споделува лажна информација со која на клиентите им се нуди можност за брзо одобрување на кредитни картички за лица кои не се приматели на плата. Од НЛБ Банка потенцираат дека се работи за лажен профил кој го злоупотребува логото и името на НЛБ Банка АД Скопје и се обидува да собере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа.

НЛБ Банка Скопје известува дека нема никаква поврзаност со оваа активност.

Лажната страница е пријавена до Facebook како и до надлежните институции во земјата, согласно позитивните законски прописи.

„Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате Вашите лични податоци додека сте на интернет. Доколку се сомневате на злоупотреба, Ве молиме веднаш контактирајте не на телефон 02/15600″, велат од НЛБ Банка Скопје.

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје ќе спроведува анализа за работењето на Стопанска банка а.д. Битола по што ќе одлучи дали ќе продолжи со постапката за купување

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека Надзорниот одбор на Банката на 25.04.2024 година донесе Одлука за спроведување постапка на длабинска анализа на целокупното работење на Стопанска банка АД Битола со цел да се дефинира намера за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје.

По завршување на постапката на длабинска анализа, Комерцијална банка АД Скопје ќе донесе одлука дали да продолжи постапката со изразување на намера за склучување на трансакцијата на присоединување, за што јавноста ќе биде известена.

Продолжи со читање

Домашни банки

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка – Поддршка на населението и бизнисот, одговорно и одржливо работење

Објавено

на

НЛБ Банка успешно го заврши првиот квартал од годината со нето добивка од 678 милиони МКД. Во периодот 01.01.2024 до 31.03.2024 година, Банката продолжи да испорачува кредитна поддршка за населението и бизнис секторот, зголемувајќи го пласманот на вкупните кредити и обезбедувајќи раст од 7,0% во овој сегмент, споредено со истиот период претходната година. И вкупните депозити споредно со истиот период претходната година, бележат зголемување за 5,3%.

Успешните резултати на Банката се должат на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, како и зголемениот број на корисници на платните сервиси.

Во првиот квартал од годинава, НЛБ Банка реализираше низа проекти и активности од областа на општествената одговорност, продолжувајќи ја поддршката кон заедницата, ранливите и маргинализирани категории. Во споменатиот период, НЛБ Банка донираше медикаменти за Центарот за бездомни лица на Црвениот Крст на Град Скопје во Момин Поток, како и средства за набавка на медицински апарати за домашна употреба за пациентите со цистична фиброза во рамките на своето патронство над Асоцијацијата за цистична фиброза, а обезбеди и донација за реновирање на читална во Националната универзитетска библиотека. Во првиот квартал НЛБ Банка го формализираше и своето членство во „Клубот на одговорни бизниси“ во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од асоцијацијата „Конект“, потврдувајќи ги своите заложби за одржливост, етичко деловно работење и грижа за заедницата.

НЛБ Банка, и натаму ќе продолжи да биде поддршка на населението и бизнис секторот во земјата, давајќи притоа значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Во фокусот на работењето на Банката, како и до сега, се унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Објавено

на

Во рамките на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД Скопје вчера на Светскиот ден на планетата Земја организираше работилници со цел да ги поттикнат значењето на заштитата на животната средина и подигнувањето на еколошката свест.

Настанот се одржа во прекрасниот амбиент во Градскиот парк на Школка, каде што учесниците заеднички придонесоа за подобрување на животната средина преку работилниците за градинарство.

Децата, но и возрасните, уживаа во активностите и во процесот на садење по советите од стручните лица кои беа во улога на едукатори на самиот настан.

Споделувањето на искуства и моменти помеѓу различни генерации беше навистина убава глетка и се радуваме што присутните со голем ентузијазам и желба пристапија за да научат повеќе за хортикултурните практики. Од дедовци и баби до најмладите членови на нашата заедница, сите заедно го прославивме овој ден. Несекојдневно искуство, како што е и целиот концепт на Прајслес планет, беше присуството на работилниците со кое веруваме дека поттикнавме љубов кон растенијата и цвеќињата. Покрај тоа што се садеа шарени цвеќиња, учесниците насадија и билки кои се користат во исхраната како што се босилек, копар, нане а децата особено беа среќни садејќи ги нивните омилени јаготки. Настанот беше посетен и од развигорчињата на Првиот скопски извиднички одред, јато желади.

„Денот планетата Земја, во соработка со нашите партнери од Мастеркард, оваа година одлучивме да го прославиме со едукативна кампања и работилници наменети за граѓаните од кои што добивме впечатливи резултати – успеавме да споделиме многу важни и корисни информации за негувањето и одгледувањето на природата, засадивме бројни растенија, шарени цветни насади и заедно направивме чекор повеќе кон придонес за убава и чиста животна средина. Се надеваме дека овој настан не само што беше забавен и едукативен, туку и нè поттикна да продолжиме со активности кои ќе ја штитат и негуваат нашата планета.

Голема благодарност на сите кои учествуваа и придонесоа за успешно остварување на овој настан. Нека нашите заеднички напори продолжат да бидат инспиративен пример за поддршка на нашата планета и нејзиното богатство“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Со долгорочниот ангажман на „Халкбанк“ за одржување на животната средина и партнерството со „Мастеркард“ во иницијативата „Прајслес планет“, уште еднаш се потврдува општествено одговорното дејствување на банката за подигнување на еколошката свест. Во иднина, „Халкбанк“ планира да ја поддржи оваа иницијатива преку различни кампањи, со цел да ги зголеми свеста на заедницата и индивидуалниот придонес кон заштитата на нашата планета.

Продолжи со читање

Популарно