СДСМ: Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, велат од партијата.

„Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен. Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството“, велат од СДСМ.

Како што додаваат, веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество.

„Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато. Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!

Текстот СДСМ: Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато е превземен од МАКФАКС.