Oбука на јуниорските и сениорските информатичари на „Градче“

На 7 август 2023 г., понеделник, во 12 ч., во „Еуро хотел Градче“ ќе започне Кампот за млади информатичари. Кампот претставува шестдневна обука на јуниорските и сениорските информатичари што ќе ја претставуваат Македонија на идните олимпијади и натпревари по информатика ширум светот.

Учесниците на кампот ќе ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

Кампот на информатичари е во организација на Здружението „Бистри умови“ – основано неодамна со цел да им даде поддршка на талентираните деца и млади, а со финансиска поддршка од Општина Кочани.

Сподели: