Касами: „ВЛЕН“ ќе биде дел од европската влада по изборите

од Nikola Popovski

Лидерите на коалицијата „ВЛЕН“ ја претставија изборната програма пред тетовчани. Во нејзиниот фокус економскиот развој и европските интеграции. Претставени и носителите на изборните листи, со кои велат дека ќе ги остварат промените во земјата.

Носителот на листата во шестата изборна единица, Биљал Касами рече дека нивната програма ќе биде победничка и дека по парламентарните избори ќе бидат дел од владината коалиција. Тој тврди дека „ќе има европска влада, каде што коалицијата „ВЛЕН“ ќе биде дел во неа, а таа влада секако ќе го гарантира европското патување на земјата“.

Од „ВЛЕН“ сè уште немаат соопштено дали идната влада ќе се формира без уставни измени, но децидни се дека албанската опозиција, односно вреди ќе биде дел од новата влада.

На прашањето за потенцијално коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори, Касами одговори дека се подготвени за разговор.

-Кажуваме дека сме подготвени да седнеме да разговараме за составување на идната влада со тоа што цениме дека сме единствени претставници на Албанците, истакна тој.

Слични содржини